Струшките пензионери освоија четири први места на Регионалните пензионерски спортски натпревари во Кичево

- Локални
742

Здружението на пензионери од Струга,на одржаните Регионални пензионерски спортски натпревари на 6 септември 2021 година во Кичево,во организација на СЗПМ,а домаќин беше Здружението на пензионери Кичево.

Струшките пензионери се натпреваруваа во сите шест спортски дисциплини и освои четири први места и тоа:слободно фрлање на кош,за жени и мажи – освоиа прво место,шутирање на гол- жени прво место и скок од место –мажи прво место.Во силната конкуренција од учесниците на ЗП Охрид и Дебарца,Дебар,Македонски Брод,Вевчани,Лабуништа и домаќините од Кичево,Стружани се покажаа во најсветло издание со освоени четири први места,што се кфалификуваа за учество на Републичките пензионерски натпревари што ќе се одржат на 29 септември 2021,во Велес.

Струшките пензионери и пензионерки беа предводени од претседателот на Здружението Милорад Трпоски и претседателката на активот на жени пензионери од Струга Елисавета Лазареска.

Спортските екипи кои настапија на 25-те Републички натпревари во Кичево,ги подготвуваа Југа Велјаноска,пензионирана професорка по физичко воспитување и истакнатиот фудбалски стручњак Иван Хаџиев.

Спортските натпревари ги следеше претседателката на СЗПМ Станка Трајкова,која и воедно ги прогласи за отворени,а резултатите ги сумираше специјално определени судии за секоја дисциплина посебно,одредени од СЗПМ.

Организаторот на пензионерските спортските натпревари ЗП Кичево на ЗП Струга му врачи Благодарница за учество а на учесниците победници поединечно им беа врачени исто така Благодарници.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари