ООУ ,,Јосип Броз Тито“ домаќин на мобилност во рамки на Еразмус програмата ,,Здравје и дневни рутини“

- Локални
1028
Салата за состаноци на Општина Струга вчера се наполни со млади од различни држави. Шефот на  кабинет Ерканда Баута ги пречека претставниците од ООУ,,Јосип Броз Тито” – Струга, кои се домаќини на мобилност во рамките на Програмата Еразмус+ КА 229 “Health and daily routines combined”.
Учесниците беа од Полска, Италија, Турција, Шпанија и Македонија и заедно реализираат активности за промовирање на поздрав и посреќен начин на живеење и менување на лошите секојдневни навики.
-Мобилностите се можност за размена на искуства и знаење за различни култури и обичаи.
Овој проект ќе помогне учесниците да се ослободат од своите предрасуди и помалку да се плашаат од разликите, бидејќи разликите се суштински и убави.-стои во соопштението од Општина Струга на оваа тема.
 -Покрај овој актуелен проект, имаме учествувано на проект од Еразмус+ програмата ,, Претприемачки вештини за млади”.  Целта на нашето училиште е да развие соработка и искуство со училишта од други земји со цел да добиеме посовремени училишта во кои учењето ќе биде задоволство за сите.-информираат од ООУ ,,Јосип Броз Тито“.
Strugaonline

Facebook Коментари