Oпштина Струга бара почести превентивни мерки од ПС-Струга и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните знаци

- Локални
699

Шефот на кабинетот Дашмир Насуфи заедно со претседателот на Советот на Општина Струга,Ресул Каба и претседателот на месната заедницата на с.Велешта Ваит Влаши одржаа средба со командирот и помошник командирот надлежен за сообраќајот при ПС – Струга во врска со немилите настани кои се случија изминатата недела во с.Велешта.

Некои од темите и проблематиките за кои се дискутираше беа брзото возење, управувањето на моторни возила од страна на малолетни лица и непочитувањето на сообраќајните правила што предизвикуваат фатални несреќи и немили настани.

„Командирот и помошник командирот истакнаа дека се согласуваат и ја разбираат загриженоста и дека нивната обврска како институција е да се грижат за безбедноста и благосостојбата на граѓаните и почнувајќи од денеска превентивните мерки за побезбеден сообраќај ќе бидат почести.“-информираат од Општина Струга.

Тимот на Општина Струга апелира до сите возачи да ги почитуваат сообраќајните правила за да избегнат ваквите немили настани. Потенцираат дека, посебно се испраќа апел до родителите да не им дозволуваат на своите малолетни деца да управуваат со моторни возила додека истите не ги исполнат условите за возачка дозвола.

Strugaonline

Facebook Коментари