Општина Струга: Сите семејства кои имаат потреба од помош ќе добијат пакети со храна

- Локални
1337

Градоначалникот на Општина Струга, Г-дин Рамис Мерко, заедно со Координативниот совет на денешната средба разговараа за економските потешкотии предизвикани од КОВИД 19.

„Cо оглед на тоа што многу семејства се во изолација и не се во можност да заработуваат или немаат никакви приход, одлучено е  да им се помогне на семејствата кои имаат потреба од социјална помош, доделувајќи им пакети со храна. На иницијативата на градоначалникот и се приклучија и неколку локални бизниси кои изразија подготвеност да помогнат.“ – информираат од Општина Струга.

Сите граѓани кои имаат потреба од ваквата помош,  треба да се обратата на телефон 078 500 151 (Јетон Шаќири).

Strugaonline

 

Facebook Коментари