Време- Променливо облачно и ветровито

- Македонија
411

Денеска ќе преовладува променливо облачно време, во јужните делови со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Дневната температура ќе се движи во интервал од 5 до 12 степени. Утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови. Ќе дува умерен, а во западните и крајните источни делови повремено засилен ветер од североисточен правец. Дневната температура ќе се движи во интервал од 6 до 12 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари