Општина Струга со апели за превенција од пожари
Поради високите температури, oд Општина Струга апелираат до сите граѓаните да бидат повнимателни, особено кога станува збор за безбедноста.

„Внимавајте да не користите импровизирани и непрофесионално опремени кабли за електрични инсталации, внимавајте да не ги оставите вклучени електричните апарати во кујна ,затоа што може да предизвикате пожари и да ја доведeте во прашање безбедноста на вашиот имот, имотот на вашите соседи, особено вашата безбедност и на вашите блиски” – стои во соопштението од општината.
Како неопходна мерка за намалување на ризикот од пожар, Територијалната единица на пожарникари Струга апелира до сите граѓани:
– Да не се фрла стакло, стаклени шишиња и друг отпадок од стакло;
– Да не се папали отпад и други запаливи материјали;
– Да се внимава да не се фрлаат остатоци од запалени цигари
Во спротивност ќе се соочите со санкции предвидени со закон.
Обврска на секој граѓанин во случај на пожар во отворени средини, е да го пријави до надлежните институции во најкраток можен рок.
Во случај на пожар, истиот треба да се пријави во противпожарната служба на 193.
Strugaonline

