На јубилејните „Охридски трубадури 2018″ балканската пејачка елита во Охрид

- Забава, Локални
183

На јубилејниот, 25-ти Интернационален музички фестивал „Охрид Фест –Охридски трубадури“, кој ќе се одржи на – 6 – 7 и 8 септември, ќе учествуваат преку 70 пејачи. Покрај македонските фолк и поп ѕвезди, на фестивалот ќе настапат и познати пејачки имиња од балканските земји…. Карлос( Бугарија), Жак Худек, Владо Калембер (Хрватска), Ален Исламовиќ (БИХ), групата “Балканика’’(Србија),Мерима Његомир (Србија) , а ќе има и пејачи од Црна Гора и Грција. За љубителите на музиката тоа ќе биде можност за убав одмор и добра забава на крајот од летото.


Фестивалот „Охридски трубадури, во своето 25 годишно постоење, го сврти вниманието на љубителите на музиката не само од Македонија туку и од балканските земји.Тоа се гледа како по бројот на странските новинари кои го следат фестивалот , така и по се поголемиот интерес на странските телевизии за тв пренос на фестивалските програми на “Охрид фест”: Годинава ’’Охридските трубадури“ ќе ги презентираат во живо Балканика – Бугарија, Бел ами – Србија, Коперникус – Србија, Тв Z1 – Хрватска, CMC (Croatian Music Channel –Хрватска ,Хајат – Босна и Херцеговина,Визион плус – Албанија,ТRT – Турција, Тв Шансона – Русија и австралиската сателитска тв INTV.
Организаторите на фестивалот се уште не ги откриваат сите пејачи и програмски активности со кои ќе се одбележи јубилејот но сепак се знае дека на Фолк вечерта ќе настапат Благица Павловска ,’’Скопски боеми“, Петар Нечовски, Нино Величковски, Милица Кузмановска, Милован Секуловски,„Молика“,Зоран Христов, .а на Поп вечерта – Даниел Кајмаковски, Огнен Здравковски, Пепа, Денис Димовски, Лена, Ѓоко Ѓорчев, Жармена и други.

Strugaonline

Facebook Коментари