Општина Струга учесник на Саемот за туризам „ИТФ Косово 2023“ во Приштина

- Локални
399
Општина Струга учествува на саемот за туризам „ИТФ Косовo 2023“ во Приштина, претставувајќи ја туристичката понуда пред граѓаните на Косово, со повик до нив да ја посетат оваа атрактивна туристичка дестинација.
„Многу ја сакам Струга и наскоро ќе ја посетам, бидејќи како млада девојка, за време на војната во Косово, престојував во селото Татеши. Многу сум благодарна на гостопримството на стружаните. Навистина ми се допаѓа дијалектот што се зборува таму!“ – вели  г-ѓа Розета Хајдари, Министерката  за индустрија, претприемништво и трговија.
„Ми се допаѓа Струга, имам пријатели таму, иако веќе некое време не сум бил таму, ќе станам почест посетител“ –  вели Берат Таќи, Заменик-министер за туризам на Црна Гора.

Facebook Коментари