Општина Струга започна со санација на колекторскиот систем

- Локални
1132

Општина Струга заедно со jавните pретпријатија „Колекторски систем“ и „Водовод и канализација- Струга“ вчера започна со целосна санација на колекторската пумпна станица бр.3  чија главна функција е примање и отстранување на отпадните води од целата територија на општината.

„Оваа санација е многу важна за жителите на Општина Струга бидејќи на овој начин  седнаш засекогаш струшката територија и особено најкритичните места, ќе се спасат од честите поплави кои се случуваат како последица на недоволното одведување на фекалните води.“ – информираат од Општина Струга.

Од општината велат дека пумпната станица досега била во мизерна состојба.

„Треба да се каже дека во оваа пумпна станица години наназад не е направена ниту една инвестиција и истата е оставена во мизерна состојба, додека средствата се користени за други цели. Денес за прв пат дестинираните средства за Колекторот одат таму каде што треба и инвестициите се вистински и допирливи, а не фиктивни.„- стои во соопштението од прес-службата на Општина Струга.

Тимот на Општина Струга вели дека целосната санација на колекторскиот систем е нивен приоритет бидејќи здравјето на граѓаните е најважно од се, а како што велат, без хигиена и чиста средина, здравје нема.

Strugaonline

Facebook Коментари