Поголемиот дел од околу 600 свадби кои ова лето требаше да се одржат само во Струга се откажани или се ставени на чекање. Плановите на сите им ги помати пандемијата од коронавирусот. Хотелиерите и рестораните веќе бројат огромни финансиски загуби. Тешко ќе биде и да се организира свадба во вакви услови на строги мерки за држење растојание, забрана за групирање и со носење на маски.
„Знаете нашите обичаи какви се, кога ќе почнат сите зетот и невестата да ги љубат за добредојде и подароци. Треба да мислиме како понатаму и како да ги менуваме тие обичаи. Со овие услови кои се дадени, сите свадби се откажани…“, изјавил за Тв Алсат Крсте Блажески-хотелиер од Струга.
Целиот текст можете да го прочитате на следниов ЛИНК
Извор: Алсат М
фото: архива
Facebook Коментари