Во рамките на Вевчанско културно лето „ВЕВКУЛ“ -24, кое се одржува под мотото „80 години од ослободувањето на Република Македонија и 80 години слободно Вевчани ( 1944-2024), во Клубот на пензионери во Вевчани, пред голем број вевчанци и други посетители од Струга, Охрид, Битола и Скопје, синоќа беше отворена изложба на кариккатури од Анастас Ќушкоски – Наце, насловена „Губилиштге“.
Покрај авторот, на изложбата се обрати и Ненад Баткоски кој ја прогласи изложбата за отворена, а афоризми од авторот читаа Симон Лешоски и Косте Шутиноски. Програмата ја водеше раководителот на „ ВЕВКУЛ“ 24, Мишо Китаноски.
На оваа прва изложба на карикатури од Анастас Ќушкоски беа прикажани преку триесетина ненасловени, односно карикатури без зборови.
-Карикатурите се создадени пред повеќе од педесетина години, а за тоа колку се актуелни и денес, самите ќе пресудите. Тие се создадени од 1971 до 1973 година. Дел од нив се објавени во печатот. А повеќето од нив за прв пат се презентирани на ова изложба, истакна авторот Ќушкоски.
-Ми беше познато и имав видено објавувани карикатури во „Остен“, „Трудбеник“, „Јеж“ од Белград и дека беше еден од иницијаторите за присуство на драматурзите, карикатуристиоте и хумористите на „Печалбарските денови“. Ама ова што го видов и дознав вечерва, многу пријатно и до крај, ме изненади. Во карикатурите насловени како „ГУБИЛИШТЕ“, главниот јунак е џелатот, власта од кој и да е вид.-изјави Ненад Баткоски
Тој додаде дека Анатас Ќушкоски не треба посебно да се претставува пред македонската јавност, бидејќи е еден од ретките сестрани творечки личности кој својата енергија подеднакво и со успех ја посветува на повеќе уметнички родови: поезија ,драма, сценариоп, филм, уметничка фотографија, етно-истражувања и итн.
-Како таков е е препознатлив по општоприфатената комплексност и по постигнатите резултати. Но, ретко е задоволството да се проникне во овој емотивно-колоритен и асоцијативен раскош пред нас којшто ни го понудува овој редок уметник и да го погледнеме од две стграни: едната е техниката, а другата интуицијата, поривот-потенцираше Баткоски.
Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ
Facebook Коментари