ДМУ „Тодор Скаловски – Тетоец“ од Струга дел од програмата за размена RYCO Superschools

- Локални
352

Во конкуренција од вкупно 550 училишта, Државното музичко училиште „Тодор Скаловски – Тетоец“ од Струга е избрано во 90-те училишта од Западен Балкан што ќе учествуваат во програмата за размена на RYCO Superschools.

Нивниот проект “Notes of Unity: Bridging Two Music Schools Together” ја помина строгата селекција на Регионалната младинска канцеларија за соработка – RYCO со седиште во Тирана, Р. Албанија, инаку иницијатива на Берлинскиот процес, и ќе биде финансиран од истата.

Од училиштето информираат дека “Notes of Unity: Bridging Two Music Schools Together”  предвидува интеркултурна размена (мобилност на 17  ученици и 2 професори од Струга) со Музичкото училиште „Стефан Мокрањац“ од Пожаревац, Р. Србија, но и локални активности како работилници, концерти, презентации и слично.

– Проектот  има за цел да ги подобри музичките вештини и да промовира културно разбирање преку активности за неформално образование. Активностите вклучуваат работилници, мастеркласи, и заеднички изведби, обезбедувајќи им на студентите динамична и интерактивна средина за учење. Сесиите за културна размена ќе им овозможат на студентите да споделат традиционална музика, танци и приказни од нивните региони. Музичките активности на отворено околу мирното Охридско Езеро ќе ја спојат природната средина со музичката уметност. Учениците ќе го истражуваат културно-историското наследство на Струга и Пожаревац-изјави за Strugaonline раководителот на струшкото музичко училиште Димитри Кумбароски.

Оваа иницијатива, додаде, ќе ги развие музичките способности на младите, културното разбирање и личен раст, создавајќи симфонија на учење единство преку универзалниот јазик на музиката.

Меѓу 90-те училипта, 15 се од Македонија,  30 од Србија, 16 од Албанија, 16 од Босна и Херцеговина, 5 од Црна Гора и 8 од Косово.

Strugaonline

фото: архива

 

Facebook Коментари