ОВР Струга ја спроведе превентивната кампања „Соседска патрола“, кај малолетник пронајдени електро шок направа и метален пендрек

- Локални
894

ОВР Струга изминатиов викенд ја спроведе превентивната кампања „Соседска патрола“.

Мешаните патроли составени од полициски службеници од одделението за превенција, родители, претставници на Советот на родители, од секторот за образование при локалната самоуправа како и на Центарот за социјални работи, во времето од 22 до 02 часот, извршија превентивна обиколка низ угостителските објекти како и места на отворен простор каде, во ноќните часови, младите најчесто се собираат и се задржуваат. 

-Притоа, кај еден малолетник, пронајдени и одземени се една електро шок направа и метален пендрек по што, повикан е неговиот родител и во присуство на претставник од Центарот за социјални работи, во полициската станица извршен е разговор. Во повеќе угостителски објекти, по 24 часот, затекнати се малолетни лица поради што, против одговорните и правните лица ќе бидат подненесени соодветни пријави.-информира портпаролот на СВР Охрид, М-р Стефан Димоски

Целта на кампањата е, родителите да видат какви се условите каде што излегуваат, кои угостителски и други јавни места најчесто ги посетуваат, кои се можните ризици со кои се соочуваат и како полициските службеници практично ги применуваат своите полициски овластувања. Целта на проектот е преку широка општествена акција да се зацврсти партнерскиот однос меѓу полицијата и граѓаните, да се придонесе кон зголемување на степенот на безбедноста, да се намалат можните инциденти на местата каде што се забавуваат младите, да се подигне нивната општествена свест и совест за одговорно однесување во угостителските објекти и на јавните места како и доследно да се почитуваат законските одредби пред се, од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари