ОВР Струга со засилени контроли, ќе се санкционира пукање со огнено оружје на прослави

- Локални
406

ОВР Струга отпочна со засилени контролни активности за откривање и санкционирање на пукање од огнено оружје, неовластено употреба на огномети и користење на пиротехнички средства на свадби и други свечености. Ќе се преземаат контроли, превентивни и репресивни мерки за спречување на оваа незаконска појава која значи нарушувања на јавниот ред, на семејни веселби со пукање од пиштоли и друго огнено оружје, неовластено приредување огномети, односно употреба на разновидни пиротехнички средства. Сите вакви нелегални активности ќе бидат соодветно санкционирани со поднесување соодветни прекршочни но и кривични пријави.

Пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок, согласно член 31 се движи од 200 до 500 евра. Покрај тоа, зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик).
-Потсетуваме дека свадбените огномети треба задолжително да се пријават во полициските станици или одделенија на подрачјето на кое се организираат, во зависност од нивната категорија а организаторите навреме да ги спроведат пропишаните превентивни мерки. Истото се однесува и на други свечености кои ќе се организираат по различни поводи.
Апелираме до граѓаните, свадбите и другите семејни веселби, да ги слават без употреба на оружје со што, ќе ги избегнат опасностите од нивната употреба по животот на славениците  и ќе овозможат безбедно прославување на семејните прослави.-информира портпаролот на СВР Охрид, М-р Стефан Димоски. 
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари