Пензионерското друштво од Струга интензивно се подготвува за 17 – та регионална ревија на песни, музика и игри

- Локални
228

Веднаш по конституирањето на Собраниетo,ИО и избор на комисии – како и Актив на пензионерки ,здружението на пензионери Струга започнаа со поголем број активности. Како што е предвидено и со Програмата за работа, предност се даде на подготовките за настапот на престојните 17 – та регионална ревија на песни, музика и игри, што ќе се одржи на 20 -ти мај во Општина Ввевчани.

Сообразно на ваквата тенденција, претседателот на активот на пензионерки, Елисавета Лазареска, заедно со претседателот на ново формираната комисија за култура  Луба Јованоска, го одредија терминот за проби-секој четврток во седмицата во попладневните часови, организираат работни средби со кандидатите за учество на регионалната ревија при што беа обновени пејачката и фолклорната група кои ги започнаа подготовките за настапот со стручна помош од професорот по музика Стојче Дејкоски.  На средбите редовно присуствува и претседталот на Здружението Милорад Трпоски, кој секогаш им стои на располагање.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

 

Facebook Коментари