Полицијата пронајде вреќа со 4574 грама опојна дрога марихуана во автомобил на патот Охрид-Ресен, кривични пријави за три лица

- Локални
464

СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.М.(23), А.Н.(35), двајцата од Битола и Т.Ј.(44) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело  ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 07.01.2020 во 02.10 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, кај депонијата „Буково“, полициски службеници сопреле патнички автомобил со кој се превезувале пријавените и при извршен преглед пронајдена и одземена  е една вреќа со 4574 грама опојна дрога марихуана.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари