Поради голем интерес „Врба“ вечерва повторно пред охридската публика

- Локални
601

Поради зголемениот интерес на публиката од прикажувањето на филмот „Врба“ кино проекциja на овој филм ќе има и вечерва во Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 20.00 часот.

„Врба“ е македонско-унгарско-белгиска копродукција во која учествува и Албанија. Се снимаше лани два месеца (октомври и ноември) во Мариово, Преспа, Трескавец и во Скопје. Филмот е за лојалност, љубов, доверба и мајчинство, кој спојува приказни за три млади мајки – едната се случува во 17 век, а другите две се современи. Приказните се надополнуваат, а во исто време се и контраст една на друга.
– Секој филм создава свој универзум, свој свет. Мислам дека гледачот го сака филмот ако успее да влезе во тој свет и ако некаде го однесе. Тој свет може да биде реалистичен и денешен, како што е дел од филмот, а може да биде средновековен или од друго минато време. Интересно е да откриваш колку биле различни, а исти луѓето од тоа време и колку тоа што ние го знаеме како историја е, всушност, некоја романтизирана фикција. Тоа е една од убавите придобивки во правењето ваков филм, рече Манчевски, кој меѓу другото, соопшти и дека за „Врба“ го истражувале и консултирале повеќе проучувачи на средниот век.
Режисерот Милчо Манчевски и дел од екипата на филмот се задоволни од реакциите на публиката и критиката во Рим, каде што беше прикажан во официјалната селекција, заедно со новите остварувања на холивудски ѕвезди како и од реакциите на македонската публика.

Strugaonline

Facebook Коментари