Време-Променливо облачно, кон крајот на денот врнежи од дожд

- Македонија
438

Денеска ќе преовладува променливо облачно време. Кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд, претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 19 до 23 степени. Утре ќе биде  променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со поинтензивни врнежи и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 16 до 22 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари