Поради обилните дождови водата е заматена, да не се користи за пиење

- Локални
865

МЈП Проаква Струга ги известува сите корисници на нејзините услуги na територијата на Општина Струга, дека поради обилни врнежи од дожд водата е заматена и не треба да се користи за пиење додека не се сведе на нормала.

„Бараме од сите корисници да го земаат во предвид ова известување и да не ја користат водата за пиење туку само за санитарни и технички потреби се додека не ги известиме за спротивното.“ – велат од МЈП Проаква

Од таму додаваат  дека по одржаните средби со претставниците на компанијата МХЕ Хидроцентрали, било договорено дека проблемот ќе биде саниран, како што велат, еднаш засекогаш.

Strugaonline

Facebook Коментари