Порака Нова организира интерконтиенентален камп за млади претприемачи кои развиваат мобилни апликации со социјален импакт

- Локални
391

Oд 4-ти до 10-ти  ноември во хотел Пела, Охрид, Порака Нова како лидер на проектот mPreneur организира интернационален настан во рамки на кој ќе учествуваат млади од Азија, Африка и Европа.

Во овој период ќе се одржи mPreneur школа – интерконтиенентален камп за млади претприемачи кои развиваат мобилни апликации со социјален импакт, под наслов „TC Social mPreneur School: mLearning, Techpreneurship, and Sustainable Impact-making for young aspiring entrepreneurs“, кои ќе бидат дополнително обучени од универзитетски професори од Економскиот факултет Скопје и Универзитет за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле”, на теми како мобилно учење, нови технологии, социјално претприемништво. На настанот ќе присуствуваат млади од Македонија, Кенија, Австрија, Филипини, Сингапур, Танзанија, Уганда и Романија.
Паралено ќе биде организиран и настан на жири комисијата од познатите WSA World Summit Awards светски познат настан кој избира и промовира локални дигитални иновации за подобрување на општествата. Учество ќе земат експерти од неколку Европски земји со цел да ги селектираат победниците и победникот на mPreneur гала настанот што ќе се одржи следната година во Грац.

Facebook Коментари