Повредени две лица во сообраќајка кај Струга

- Локални
1222

Две лица се повредени при сообраќајна несреќа што се случила вчера кај Струга.

 

– На 10-ти март 2022 во 20:30 часот било пријавено дека на регионалниот пат кај место викано Равење се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Ц.(26) од село Јабланица и патничко моторно возило „ровер“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.К.(20) од село Лабуништа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „ровер“ О.К.(41) од Лабуништа констатирани во Општата болница-Охрид, а со телесни повреди се здобил возачот А.Ц. констатирани во Медицинскиот центар Струга. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга, информираат од МВР.

Извор: МВР

Facebook Коментари