Во ОВР Струга приведен жител на Дебар, полицијата кај него пронајде 100 парчиња сигнални куршуми

- Локални
592

На 10.03.2022 година во 17.50 часот во ОВР Струга, приведен е Ф.Л.(20) од Дебар. При извршен преглед врз патнички автомобил „Фолксваген“ со дебарски регистарски ознаки во кој се превезувал, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа вкупно 100 парчиња сигнални куршуми калибар 9 милиметри што, нелегално ги поседувал. По целосно документирање, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари