Претставата ,,Сопружници“ вечерва пред охридската публика

- Локални
88

Вечерва (15.10.2021) so почеток во 20:00 часот,  на репертоарот на Н.У Центар за култура ,,Григор Прличев“ е тетарската претстава ,,Сопружници” од Вуди Ален,  а во режија на Драгана Таневска, почеток 20.00 часот, цена на карта 200 денари, мала сала.

– „Сопружници“ претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите, вели режисерката Таневска.

Strugaonline

Facebook Коментари