Време-Облачно и студено со повремени врнежи од дожд

- Македонија
308

Денеска ќе преовладува облачно и студено со повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 7 до 11 степени. Утре ќе биде променливо облачно, наутро со локална појава на краткотраен дожд. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 9 до 16 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари