Презентиран проектот за изградба на колекторскиот систем од Радожда до Калишта

- Локални
407
Во рамки на  работната средба помеѓу градоначалникот Мерко и  министерката за животна средина, Шукова, беше презентиран и проектот за колекторскиот систем од село Радожда до село Калишта (втора категорија), почнувајќи со давањето на дозволата за градење.
,,Предметниот проект се изготвувал повеќе од две години и ќе се реализира во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, кое истовремено го поддржува со финансиски средства.На овој начин, со отпочнувањето на работите за изградба на ова траса ќе биде комплетиран колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро, од загадени води, за струшкиот дел од езерскиот брег, почнувајќи од Радожда до после реката Сатеска, каде завршува територијата на нашата општина.“-соопштуваат од Општина Струга.
Strugaonline

Facebook Коментари