Започнуваат процедурите за прогласување на планината Јабланица за заштитено подрачје

- Локални
524
 Градоначалникот, д-р Рамис Мерко во работна посета ја пречека министерката за животна средина Каја Шукова.
Работна средба се одржа во салата на Советот на општината, во присуство на месните заедници кои гравитираат на планината Јабланица, но и на еколошките здруженија, со цел започнување на постапката за прогласување на Јабланица за заштитено подрачје, односно за Национален парк.
,,На средбата се разговараше за процедурите, како од локален, така и од аспект на надлежностите на ресорното министерство, со поддршка на еколошките здруженија вклучени во процесот.
Заклучок што произлезе од средбата е дека потребата од прогласување на национален парк е приоритет и многу е неопходно за заштита на животната средина во овој дел од нашата држава.“-стои во соопштението од Општина Струга.
Оттаму додаваат дека планината Јабланица е исклучително важен природен ресурс, кој има потреба од највисоко ниво на заштита и зачувување, но истовремено нагласувајќи дека во овој процес мора да се земат предвид сите начела на одржливиот развој, како од еколошки, така и од социо-економски аспект.
Strugaonline

Facebook Коментари