Работилници на тема „Маркетинг и Брендирање во Туризам“ во Охрид

- Локални
95

Во организација на Лолакната агенција за развој-Струга на 16-ти и 17-ти април во Охрид ќе се одржат работилници на тема „Маркетинг и Брендирање во Туризам“.

Работилниците се наменети за: водичи, авантуристи, домаќинки, занаетчии, спортисти, археолози, етнолози, историчари, архитекти, готвачи, сликари, танчари, и останати граѓани кои сакаат да го споделат своето искуство, вештини, хоби со туристите во Македонија.
Предност ќе се даде на граѓани кои живеат во пограничниот регион Албанија – Македонија во општините Струга, Дебар, Маврово и Ростуше, Центар Жупа, Охрид и Мат, Клос, Булќизе.

Теми на обуката: Што е маркетинг на дестинација? Бидете впечатливи – уникатнии сте, искористете го тоа како ваша предност. Светски трендови во туристички искуства – AirBnB experiences
Создатете туристичко искуство од вашето хоби или вештини. Традиционален наспорти Дигитален маркетинг. Алатки за маркетинг на вашиот бизнис: Google MyBusiness, Facebook Page and Group, YouTub.

Активноста се спроведува во рамките на проектот „Воведување на Паметен Туризам и Споделена Економија„ кој е поддржан од Делегација на Европската Унија, преку Програма за прекугранична соработка ИПА II.

Детални информации за условите за учество можете да најдете на Facebook страницата на Локалната агенција за развој Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари