Рамис Мерко: Новиот објект во ОУ „Браќа Миладиновци“ ќе започне со работа најдоцна за еден месец

- Локални
982

 

После бројните реакции на стружани за состојбата во која со години се наоѓа старото основно училиште „Браќа Миладиновци“, редакцијата на Strugaonline стапи во контакт со градоначалникот на Општина Струга, Г-дин Рамис Мерко.

Мерко истакна дека старото основното училиште „Браќа Миладиновци“ ќе биде вон употреба. Новиот објект во кој што ќе учат учениците и е изграден во склоп на ново „Браќа Миладиновци“  е во финални подготовки и најдоцна за еден месец ќе биде ставен во употреба. Мерко потенцираше дека Општината заедно со Советот одлучила да одвои средства за овој нов објект, а за истата цел, најавено е дека неколку бизнисмени ќе донираат за учениците да се вратат во училишните клупи во ново училиште со современи услови.

Во старото „Браќа Миладиновци“ децата ќе учат краток период. Градоначалникот истакна дека веќе започнува процес на дезинфекција затоа што, како што вели, главната цел е децата да бидат заштитени.

Мерко замоли за трпение на родителите како и на децата кои учат во ова основно училиште.

Strugaonline

фото: архива/fb

Facebook Коментари