СОУ „Ибрахим Темо ”со нов изглед во новата учебна година

- Локални
846

На самиот праг на почетокот на учебната година 2019-2020, СОУ “Ибрахим Темо ” доби сосема нов излед.

„Новиот изглед е резултат на интензивната работа во текот на летниот распустот и интервенцијата на градоначалникот Рамис Мерко и директорката Беcиме Јонузи за создавање на соодветни услови за учениците.“-соопштуваат од општинската ПР служба.

Денеска, шефот за образование, Г-дин Дашмир Насуфи заедно со преставници од општинската администрација, директорот на ЈП Проаква Јетон Шаќири и дел од пратениците на советот на Општина Струга, беа во посета на СОУ  „Ибрахим Темо ” каде што извpшија увид на работите и измените во школото за создавање на подобри услови за учениците.

Некои од измените кои што вреди да се напоменат се поставување на пластифициран под во сите ходници во училиштето, варосани се сите простории во училиштето ( училниците и ходниците), канцелариите на наставниците се комплетно реновирани, поставени се нови врати од висок квалитет во сите училници,кабинети, канцеларии на сите наставници и раководители, старите шкафови зе заменети со нови , и многу други интервенции кои се направени со цел учениците и наставниците да имаат услови за настава.

Од Општината најавуваат дека до крајот на учебната година се планира да се измени стариот под во спортската сала со нов пластициран под од висок квалитет, да се направи целосна реконструкција на кровот како и да се заменат старите клупи со нови и да обезбедат смарт табли.

Strugaonline

Facebook Коментари