Лев банер Десен банер

Распоред на Богојавленски Богослужби во Црквата Свети Ѓорѓи во Струга

Во црквата Свети Георги во Струга утре започнуваат Богојавленските Богослужби по повод големиот празник Водици. Утрената Богослужба започнува во 07:00 часот, а во 07:30 следува Почеток на часовите. Во сабота, по повод Водокрст (Водопост) во 07:00 часот почеток на Богослужбата, а во 08:00 часот следува Златоуста Литургија. Во 09:45 ќе има голем Водосвет кај базенот во дворот на Храмот. Во недела, Свето Богојавление -Водици Утрена Богослужба ќе започне во 06 и 30 часот, а од 08:00 до 09:30 часот следува Василиева литургија. Во 10:30 часот e закажано тргнување со литија кон мостот и дочекување на Митрополит Тимотеј. Крстот во водите на реката Црн Дрим ќе биде спуштен во 11:00 часот. На 20-ти јануари во 07:00 часот ќе се одржи Утрена Богослужба, а во 08:00 часот Златоуста Литургија.

Strugaonline

error: