Реприза на претставата „Хотел ни на небо ни на земја” во Охрид
После премиерата на претставата „Хотел ни на небо ни на земја” која помина со долги аплаузи, во Охридскиот театар, истата ќе се игра репризно и тоа во среда, 11-ти декември со почеток во 20:00 часот.

Автор на „Хотел ни на небо ни на земја” е Емануел Шмит, а во режија на Љупчо Ѓоргиевски.
Играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев, Ирена Илиевска, Елизабета Стефановска, Стефан Николиќ и Мила Коруновска.
Картите се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066
Strugaonline

