Шеста „Златна топка“ за Лионел Меси

- Спорт
594

Лионел Меси е прогласен за најдобар фудбалер во светот за 2019 година, по избор на престижниот француски весник „Франс Фудбал“.

Престижната „Златна топка“  аргетинскиот фудбалер ја доби на гала церомонијата што се одржа во Париз.

Ова за Меси е шеста „Златна топка“ со што изби на врвот и зад себе, на вицешампионската позиција,  го остaви Роналдно со освоени пет златни топки.

Меси претходно ова  признание го доби во 2009, 2010, 2011, 2012 и 2015 година.

На второ место за оваа година е Вирџил ван Дајк, а најдобрата тројка ја заокружи Роналдо кој не присуствуваше на церомонијата. Четврти беше Садио Мане , а на петтата позиција на светско ниво заврши Мо Салах.

Наградата за најдобар голман ја доби Алисон Бекер од Лвеиверпул.

Најдобра фудбалерка за 2019 година  е Американката Меган Рапино.

Strugaonline

Facebook Коментари