Полицијата пронајде дрога во автомобил на патот Охрид-Кичево

- Локални
635

-Вчера околу 18:00 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на охридското село Оровник, при преглед на патнички автомобил „Опел Корса“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од страна на 34-годишниот Р.А. од селото Житоше, општина Прилеп, пронајдени, одземени и предадени на вештачење се пет најлонски ќеси со зеленкаста опојна растителна материја, информираат од СВР Охрид.

Од таму информираат дека возачот е приведен и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари