Лев банер Десен банер

„Слушни го езерото“, поетско музички перформанс во Охрид

Во чест на Денот на Охридското Езеро во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ на платото пред оваа установа, денеска во 11:00 часот ќе се одржи завршницата од поетско – музичкиот перформанс „Слушни го езерото“.

-Со свои творби ќе настапат десеттина поети од Охрид, Струга и Поградец – Албанија. На настанот ќе присуствуваат и директорките на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ од Струга и Библиотеката „Митруш Кутели“ од Поградец-информираат од охридската библиотека.

Ученици од основните училишта ќе постават изложба со цртежи сврзани со езерото а ќе настапат и млади музичари од  ОМУ „Методи Патче“ од Охрид.

Проектот е дел од Годишната програма на Библиотеката за оваа 2024 година, финансирана од Министерството за култура.

Strugaonline

error: