Со ревијален кајакарски маратон по Охридското езеро на кој ќе учествуваат млади кајакари, во соработка со Спортски клуб Соларис Струга, утре ќе започне настанот ,,Гласот на крајбрежјето“ во организација на Јуроп Хаус Струга.
Како што информираат организаторите, стартот е закажан за 10:00 часот на Женска плажа.

,,Вечерта е резервирана за опуштена забава во Паркот на поезијата. За музичката програма ќе се погрижи Диџеј Мирче – Хаусмајстори, а визуелниот дел ќе го надополниме со несекојдневен видео перформанс на ендемични цветови и птици низ Паркот на поезијата.“-стои во соопштението.
Од Јуроп Хаус информираат дека со овој настан ќе го одбележат Денот на Охридското езеро и биолошката разновидност.
Strugaonline
Facebook Коментари