На денешната редовна седница на Советот за развој на Југозападниот плански регион, со која претседаваше градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, договорено е во текот на оваа година главните активности да бидат насочени кон решавање на проблемите со комуналниот отпад и со кучињата скитници.
-Во контекст на овие жешки теми за Регионот, членовите на Советот за развој, се договорија да се оствари средба со министерот за животна средина, Каја Шукова со цел да бидат запознати со досегашните процеси, при што приоритено е да се интензивира нивното решавање бидејќи истите се сериозен проблем за најзначајниот туристички регион во држава. Договорено е да бидат искористени можностите за изработка на техничка документација за изградба на еден или два стационари во Регионот каде што би се пристапило кон хумано решавање на проблемот со кучињата скитници.- информираат од Центарот за развој на Југозападен плански регион.
Исто така, членовите на Советот бараат да бидат запознати со инегралното решавање на комуналниот отпад за Југозападниот и Пелагонискиот регион, а за за што се обезбедни средства преку заем од ЕБРД и дел од донаторската зедница.
-Според последните информации во текот на оваа година ќе се пристапи кон набавка за возила, контејнери и корпи за отпадоци и почеток за работите за изградба на трансфер станиците, со цел потоа да отпочнат работите од првата фаза од израдба на регоналната депонија во Новаци.- додаваат од Центарот.
На денешната седница членовите на Советот за развој ги разгледаа и усвоија годишните извештаи за работењто на Центарот за развој, при што беше изразено задоволство од темпото на работа и обезбедените средства.
-Се очекува и оваа година да продолжат крупини инвестициони вложуавања како што се реконструкцијата на двете болници за Кардиолошки заболувања во Охруд и за Нефрологија во Струга. Покрај тоа, значајни инвестиции ќе има за решавање на енергетските и проблемите со енергетската ефикасност на јавните објекти, како и подобрување на патната инфраструктура. За оваа намена обезбедени се околу 100 милиони денари од домашни и донаторски извори.-стои во соопштението.
По завршувањето на седницата, градоначалинот на Општина Охрид, д-р Кирил Пецаков организира неформален прием за другите градоначалници од Регионот на која беа договорени следните активностите на Советот за развој.
Facebook Коментари