Билетите за хуманитарниот настан ,,Сите за Бојан“ пуштени во претпродажба

- Локални
480

Течат подготовките за големиот настан ,,Сите за Бојан“ што на 9-ти април ќе се одржи во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга.

Целта на хуманитарниот концерт е да му се помогне на нашиот сограѓанин, 23 годишниот Бојан Крстески кој е во болница во Рим и потребни му се средства за престој и лекување.

Поради голем интерес, билетите за настанот се пуштени во претпродажба во: Lounge bar Bograd,  Мезе бар Кингстон,  Кафе бар Барабар , Ултрас кафе (Игралиште ГРГ) и Кафе бар Пливалиште.

Покрај овие продажни места,  ПХВ тимот на Црвен Крст Струга ќе се погрижи картите да бидат достапни и во околните села. Билети ќе има и на врата во Центарот за култура еден час пред настанот, но, организаторите аплерираат да побрзате бидејќи бројот на билети за овој хуманитерен концерт е ограничен.

На настанот ќе настапат  Студио за танц ,,БАХ“, Balkan Jam, Ѓоко Танески & The Band, Drum&Scratch RootBoy & Aleksandar и Stand Up комичарот и актер Бојан Велевски.

Strugaonline

Facebook Коментари