Со детскиот филм „Патешествието на принцот“ започнува филмскиот репертоар на охридскиот Центар за култура

- Локални
408
Н.У Центар за култура ,,Григор Прличев“ Охрид, филмскиот репертоар оваа година го започнува со детскиот филм „Патешествието на принцот“ (The Prince’s Voyage).  Кино проекциите се закажани за во среда (02.02.2022) и четврток (03.02.2022) почеток 18.00 часот, цена на карта 100 денари.
-Еден стар принц се насукува на непознат брег. Така ранет и изгубен е најден од младиот Том кој го носи кај неговите родители, двајца протерани научници кои имаат свој интерес за љубопитниот новодојденец. Како што смелото момче и мудриот кралски наследник започнуваат серија брилијантни бегства, нивниот капацитет за меѓусебно почитување и разбирање почнува да ги руши границите меѓу нивните светови. Со помош на Том, Принцот открива општество за кое не знае ништо, додека родителите на Том решаваат да го искористат за да докажат дека нивната теорија дека постојат други мајмунски општества навистина била точна. – стои во кратката содржина.
Карти по цена од 100 денари на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063.
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против КОВИД-19
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.

Facebook Коментари