Со настанот „Слушнете ги нашите приказни“ денеска во Струга ќе се одбележи Меѓународниот ден на лицата со попреченост

- Локални
591

Денеска во 14:00 часот во фоајето на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, во организација на Порака Нова, Здружение на слепи лица Струга и Здружение на глуви и наглуви лица Струга ќе се одржи настанот „Слушнете ги нашите приказни“.

Целта на овој настан е да да ги слушнете, видите и прочитате личните и општествените борби на лицата со попреченост и нивните успешни животни приказни,  заедно да продискутираме за идни планови во насока на создавање нови успешни приказни. – велат организаторите.

Моменталната светска популација е нешто повеќе од 7 милијарди луѓе, од кои повеќе од 1 милијарда се луѓе кои живеат со некаков вид на попреченост. Во 1992 година Генералното Собрание на Обединетите Нации одлучи 3-ти декември да се одбележува како Меѓународен ден на лицата со попреченост (МДЛП), со цел за промоција и добросостојба на лицата со попреченост во сите сфери на општеството, но и зголемување на свеста за состојбата на лицата со попреченост во секој аспект на социјалното, политичкото, економското и културното живеење.

Овогодинешната порака на МДЛП е „Лидерство и учество на лицата со попреченост во создавање на поинклузивен, попристапен и поодржлив пост-Covid-19 свет“.

Strugaonline

 

Facebook Коментари