Во просториите на СОУ,,Нико Нестор ” Струга се одржа дисеминација на Еразмус+ проектот ,,Вештини за утре“

- Локални
575

Во просториите на СОУ,,Нико Нестор ” Струга се одржа дисеминација на Еразмус+ проектот: Вештини за утре ( Skills for tomorrow). Дисеминацијата на стекнатите вештини и знаења ја вршеа учениците учесници во проектот (Марина Балоска, Хана Бектеши, Бојана Коцоска, Рона Татеши и Марија Дејкоска) под водство на проект координаторот – професорката Светлана Ѓуроска.

На настанот прва зеде збор директорката Кети Јанкоска која ги поздрави присутните и ги повика учесниците на максимално пренесување на новите вештини на останатите ученици во нашето училиште. На дисеминацијата преку Power Point презентација, видео и промотивен материјал учениците под водство на проект координаторот ги пренесоа искуствата, новите знаења и вештини стекнати за време на мобилноста во Португалија во периодот од 21.09.2021-05.10.2021, во кој период учениците реализираа практична работа во познати компании од својата област.

Исто така, учениците учесници во мобилноста им ги презентираа на присутните позначајните културно-историски знаменитости во Повоа Де Варзим, Брага, Гуимарес и Порто, кои ги посетија за време на викендите  и им ја доловија Португалската традиција и култура на останатите ученици и наставници присутни на дисеминацијата. На настанот проект координаторот им додели Europass сертификати на учесниците во мобилноста, а учесниците го поделија промотивниот материјал на присутните ученици и наставници.

„Овој проект ги зајакнува професионалните вештини на учениците од нашето училиште, овозможува трансфер на стекнатото напредно европско знаење и искуство на останатите ученици, но и негова имплементација во реалниот сектор во областите од каде доаѓаат. Сето ова придонесува за развој на нивните стручни квалификации и им ги отвара вратите за подобар пласман на пазарот на труд“, истакна за Strugaonline  проект координаторот, професорката Светлана Ѓуроска.

Strugaonline

Facebook Коментари