Сојузот на борци од Струга ги одбележа 26-ти август и 6-ти септември

- Локални
955

Сојузот на борците на народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија на општина Струга на 6 септември со свечана седница и полагање свежо цвеќе на спомениците го одбележаа  26 август ( 1944 ) денот на формирањето и борбениот пат на четвртата ( седмата) албанска бригада на НОВ и ПО на Македонија и 6-ти  септември истата година, формирањето и борбениот пат на Шестата македонска народноослободителна ударна бригада.

Претседтелот на ОО на борците од Струга, Ајредин Мемеди, истакна дека Бригадата е формирана на планината Караорман, во месноста „Рудина“на 6 август 1944 год.Штабот на бригадата го сочинувале:командант Нафис Сулејман, заменик командант Шаик Садику, политички комесар Ќемаил Аголи и заменик Џафер Кодра.

При формирањето бригадата  броела 164 борци од кои еден младински баталјон кој дошол од Дебар, а го сочинувале Албанци, Македонци, Македонци-Муслимани и Турци од Дебар и дебарските села, а другиот баталјон го сочинувале борци- Албанци, Македонци, Власи и Турци од Струга и струшките села.Командата  на Вториот баталјон беше во состав:Азис Цами како командант и Љубе Мариноски политички комесар.Третиот баталјон го предводеле Муарем Ибраими како командант и Јован Панчески како политички комесар.

Бригадата учествуваше при ослободување на Струга, како и на Сремскиот фронт во сите борбени дејствија. Исто така и Шестата македонска народноослободителна ударна бригада е формирана на 6 септември 1944 година во „Караорман“во месноста „Рудина“.

-Штабот на бригадата беше составен од искусни борци, дотогаш припадници на Првата Македонска народноослободителната ударна бригада, а  нејзин командант Драган Ѓорѓевиќ-Алија, а негов заменик Захарија Трајкоски-Брко,политички комесар Киро Сотировски- Строгов и заменик на политичкиот комесар Младен Милошески,истакна во својата беседа Ајредин Мемеди.

Истовремено беше одбележан и 8 – ми септември –Денот на независноста на Македонија.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

 

Facebook Коментари