Сообраќајна незгода во Горно Татеши, повредено е едно лице

- Локални
553

На 5-ти јуни 2020 година, во 08:05 часот на регионалниот пат Мороишки мост-село Мислодежда, поточно во струшкото село Горно Татеши, се случила сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.

– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 29-годишниот А.М. од струшкото село Мислодежда и патничко возило „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 51-годишниот Љ.К. од Кичево. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил 46-годишниот Ѓ.М. од селото Ботун, сопатник од возилото „Цитроен“. Тој бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга за укажување лекарска помош. Увид извршила екипа од Полициската станица Струга, информираат од МВР.

Извор: МВР

Фото: архива

Facebook Коментари