Советничката Милеска на студиска посета за родова еднаквост во Шведска 

- Локални
396

Марија Милеска, советничка и претседателка на комисијата за еднакви можности во општина Струга, минатите неколку денови беше дел од студиска посета на Малме Шведска, во рамки на програмите кои ги организира “NDI“.

Советничката Милеска и советниците од десет македонски општини, имаа можност да се сретнат со избраните советници и администрацијата од Малме и да се запознаат со родовите услуги за нивните граѓани.

,,Шведска е пример како функционира стабилен, граѓанско ориентиран систем. Државата има силен здравствен и социјален систем кој овозможува еднакви можности за мажите, жените и децата. Тука спаѓат можноста за економска самостојност на жените, максимална здравствена заштита со посебен акцент врз заштитата на деца, жени и мажи, жртви на семејно насилство. Потребите на граѓаните се од исклучително значење за сите избрани функционери, без оглед на нивната партија, етничка или верска припадност. Повеќе време посветивме на дискусија за програмите за обука дизајнирани од Општината кои се базираат на потребите на компетенциите на јавниот и приватниот сектор со цел да обезбедат вработување на жителите. Новостекнатите знаења и искуства се мошне значајни за нас, како советници, кои од една страна сме избрани и ги претставуваме граѓаните, а од друга страна преку нашиот глас во Советот, имаме можност директно да влијаеме врз донесувањето на одуките.,, -изјави Милеска.

Таа додава дека оваа посета била  крајно ефективна и знаењата кои ги стекнала ќе може  директно да ги примени во подобрувањето на капацитетите и услугите на општината.

Strugaonline

Facebook Коментари