Струга и Охрид ќе бидат домаќини на есенска НАТО вежба „Северна Македонија 2021“

- Локални
674
После рушење објекти во Струшко и Охридско – повторно рушење за барање и спасување настрадани од катастрофа, во коорганизација на ЦУК
-На терен се појавува потреба да се истражи ситуацијата после рушењето на објекти во Струшко и Охридско, повторно да има рушење за барање и спасување настрадани од катастрофа. Тоа е неминовност за да се спасуваат човечки животи, особено ако има затрупани и заробени во рушевини. Ова е дел од сценариото на претстојната есенска НАТО вежба „Северна Македонија 2021“, во коорганизација на нашиот регионален Центар за управување со кризи во Охридско-струшкиот регион, којшто е и домаќин на вежбата во име на државата.-велат од Центарот за управување со кризи.
Токму заради таквото спасување животи на настрадани при комбинирани катастрофи – земјотрес и поплава, според сценариото на вежбата, денеска теренски се реализираа дел од подготовките за претстојната есенска НАТО вежба. Беа посетени конкретни работни плански места што се точки со конкретни објекти, сценарија со извежбување на конкретни субјекти од Системот за управување со кризи, при што теренски се планираат деталите за барање и спасување, поддршката и логистиката, цивилно – воената координација, искуствено осознавање и работа преку виртуелната реалност, можностите за прекуграничен транспорт во спасувачки мисии, употреба на НИКС – Напредна генерација Команден систем за управување со инциденти што Центарот за управување го развива во Македонија и во Регионот и други можности и ситуации важни при координирана акција при катастрофи.
Од ЦУК додаваат дека во сценариото на вежбата е предвидено и реално рушење на делови од објекти за потребите на вежбата на објекти што се влезени во плановите за рушење на локалната самоуправа.
Strugaonline

Facebook Коментари