Лев банер Десен банер

Струшките млади музичари Георгиј Белкоќески и Горјан Лошкоски освоија прва награда на Меѓународниот натпревар „Арт Ин“ во Кавадарци

Уште еден голем успех за младите музички таленти од Струга. Учениците од Основното музичко училиште, Георгиј Белкоќески и Горјан Лошкоски предводени од нивниот професор Мухамет Реџепоски, освоија Прва награда во категоријата камерна музика на Меѓународниот натпревар „Арт Ин“.

Натпреварот се одржа од 29 до 31 мај 2026 година во Кавадарци и собра голем број млади музичари од земјата и регионот, кои ги претставија своите музички вештини пред стручно жири.

Со својот талент, посветеност и извонредна музичка изведба, Георгиј Белкоќески и Горјан Лошкоски успеаја да се изборат за највисокото признание во својата категорија, достојно претставувајќи го своето училиште и градот Струга.

Овој значаен успех претставува потврда за квалитетната работа во Основното музичко училиште во Струга, како и за трудот и љубовта кон музиката што ги негуваат младите ученици.

Честитки за Георгиј и Горјан за освоената Прва награда, со желби за уште многу успеси и нови музички достигнувања во иднина.

StrugaOnline

error: