Струшките пензионери учеа да користат компјутер и паметен телефон, најмногу ги интересира плаќањето сметки преку интернет

- Локални
1656

Здружението на пензионери од Струга, во соработка со Општинскиот одбор на Црвен крст – Стругa, организираше шестдневна обука за работа со копјутер и паметен телефон.

Обуката се одржуваше во просториите на ОО Црвен крст, каде што свое обраќање имаше секретарот на Црвен крст, Адуриме Даути.

Обуката ја изведуваше  професорката Марија Симакоска од Струга, проектот е насловен „Зедно сме посилни во дигиталниот свет“, спроведен од Здружението на професионалци консултанти подготвеност за Европа, Скопје.

Обуката започна на 24-ти октомври и треше до 14-ти ноември 2023 година, во нејзини рамки се одржаа 18 работилници на кои 20-те учесници на обуката се запознаа и се оспособија за работа на компјутери и паметни телефони.

Пензионерите најмногу беа заинтересирани за плаќање сметки преку интернет со паметен телефон, со цел да не чекаат на шалтери.

За време на обуката пензионерите го користеа прирачникот за работа на компјутер и интернет издаден од Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.

Организаторот на проектот „Заедно сме посилни во дигиталниот свет“ им подели сертификати на пензионерите, за активно учество на работилниците за стекнување основни дигитални вештини и безбедно присуство на интернет и проверката на стекнатите знаење.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари