Билтен на СВР Охрид: Стружанец нападнат со стаклен предмет, кичевец нападнал полицајци

- Локални
267

На 14.03.2024 во 23.45 часот во Полициската станица Струга, С.Ч.(30) од Струга пријавил дека околу 21.40 часот на ул.„Борис Кидрич“ во Струга бил физички нпаднат од У.К., кој употребил и стаклен предмет. Се работи за расчистување на настанот.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.Х.(26) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“. На 09.03.2024 на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај месноста „Копачка“, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

Извор: СВР Охрид

фото: архива

 

Facebook Коментари