На 23-ти март во Охрид стенд-ап настан ,,Можевме“

- Локални
104

Под слоганот ,,За подобро вчера“, на 23-ти март во Охрид ќе се одржи стенд-ап настан ,,Можевме“ со Бојан Велевски , Марјан Георгиевски и Игор Стојанов, по текст на Божидар Божиновски.

Станува збор за шоу преку кое на комичен начин се прикажува македонското општество, менталитет и политичка култура.

– Во сабота, на 23-ти март 2024 година, под слоганот „За подобро вчера!“, во Охрид ќе се одржи единствениот митинг каде што нема да ве тераме со сила да ракоплескате, порачуваат организаторите.

– Сендвичи на влез! (ќе има и вегански). Ние можеме да ви ветиме дека „ЌЕ“. За 78% се’ ќе ви биде посмешно. ЌЕ се влегува без пасош. ЌЕ биде масовно. ЌЕ Биде победа! Партиските списоци се веќе спремни, ја претставија „изборната програма“- велат  Бојан, Марјан и Игор.

Билети можете да набавите во А2 Тобако и Даблин паб (400ден).
Оваа стенд-ап турнеа започна во Прилеп, а освен во Охрид настанот ќе може да го проследи и публиката во  Скопје, Битола,Тетово, Велес, Струмица, Куманово и Кочани.

Strugaonline

Facebook Коментари