Стружанец заработи кривична пријава, не се придржувал на решението за изолација

- Локални
170

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ј.Д. (44) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.  При контрола извршена на 01.09.2021 година, полициските службеници констатирале дека тој не се придржува до решението за изолација издадено од Државниот здравствен и санитарен инспекторат со што ги прекршил  одредбите за заштита на населението од вирусот Ковид-19.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари