СВР Охрид започна со превентивна кампања на тема „Врсничко насилство” во училиштата

- Локални
189

На 14.11.2023 година, полициски службеници од СВР Охрид во основното училиште „Ванчо Николески” во охридското село Лескоец, реализираа превентивен проект на тема „Врсничко насилство”.

– Низ интерактивен пристап, на учениците од шесто до деветто одделение  им беа објаснети појавните форми и облици на манифестирање на насилство помеѓу врсниците „булинг” и он-лајн насилството „сајбер булинг”, како крајно штетни и опасни појави при користење на социјалните мрежи.-информираат од СВР Охрид

Додаваат дека околу 150 ученици беа запознати како треба да реагираат доколку тие се жртва на булинг и сајбер булинг, каде да го пријават насилството и со кого  да ги споделат тие информации.

Оваа едукативна кампања ќе биде реализирана и во другите училишни центри на подрачјето на СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

фото: архива

Facebook Коментари